Денес, со почеток во 18 часот и 30 минути, во Центарот за култура ќе биде одржан добротворен концерт.  КУД Нефретити на Египќани  заедно со  неколку културно- уметнички друштва од градов ке земат учество на добротворниот концерт.

Концертот е во организација на Младинскиот совет од Охрид, а собраните средства од продадените билети, кои ќе чинат 100 денари, се наменети за реализација на дел од програмата за превенција од дрога, алкохол и тутун и заштита на репродуктивното здравје.

Куд нефретити

Ги повикуваме сите љубители на фолклорот, кои ја сакаат изворната музика играта и песната. Сите заинтересирани се добро дојдени, независно дали се почетници или имаат претходно искуство.

Уписот се врши одма до авто сервис НОМЧЕ населба кошишта – Охрид.

Распоред за членови на К.У.Д. “Нефретити“.

Секоја Сабота и Недела во 13:00 часот

Здружението за заштита на културниот идентитет на Египќаните “ НЕФРЕТИТИ “ од Охрид и Здружението на Египќани во Република Македонија заедно со  Бербер Шогун  на ден 30.05.2010 во недела го организираа т.н  Египќански пикник. Релацијата  на овој пикник беше од стариот чинар  до – Селото – Велестово  каде учество земаа повеке од 70 млади Египќани од Охрид и другите градови придружувани од куд Нефретити.Пред стартот на т.н марш на Египканите,КУД Нефретити одржа   настап во центарот на градот со машките ора Деволиче и Чешме Барле а девојките со Невестинското оро.  Со овој настан велат од здружението уште еднаш се покажало дека  во Македонија живее голема популација на Египќани




Dj KISSS  од Холандија поточно градот Ден Хааг,  беше  првата меѓународна донаторка  за да помогне и да се активира повторно културното уметничко друштво на Египќаните во Охрид . На 20-ти март 2009,  се собраа средства за  активирање на Куд Нефретити.

КУД НЕФРЕТИТ
Придонес кон негувањето на традицијата, културата, и идентитетот на нашиот народ

КУД НЕФРЕТИТИ е формирано 2009 год. и веќе брои околу 20 членови кои до сега имале 5  настапи во нашава земјава. Наставата се одржува во  месната зедница во населбата Кошишта одма до авто сервис Номче, Охрид.
За кратко време нашето друштво го има презентирано Египќанскиот фолклор, традиција и култура, посебно Египќанската  афтентична народна носија.

КУД Нефретити е организатор на свој фестивали во Охрид. Фестивалот почнува на 25 јуни  и насловен е како Летна Египќанска ноќ, кој ќе се одржува на сцената долни сарај. Потоа следува и годишнина на кој се спрема друштвото Нефретити за ова година да ги изненади граѓаните во Охрид, кој ќе одржи годишен концерт со првата постава, а ке се држува во домот за култура Глигор Прличев.

КУД Нефретити има аматерска  носиа и тоа од охридско-струшкиот крај  на  Македонија. Во друштвото има занаетчиска работилница каде се работи рачно носиата, а ги изработува госпоѓа Исмет од Охрид .

КУД Нефретити  работи под раководство на уметнички раководител Башким Селман Таркан.