Денес, со почеток во 18 часот и 30 минути, во Центарот за култура ќе биде одржан добротворен концерт.  КУД Нефретити на Египќани  заедно со  неколку културно- уметнички друштва од градов ке земат учество на добротворниот концерт.

Концертот е во организација на Младинскиот совет од Охрид, а собраните средства од продадените билети, кои ќе чинат 100 денари, се наменети за реализација на дел од програмата за превенција од дрога, алкохол и тутун и заштита на репродуктивното здравје.