Младите Египќани од Охрид, на заеднички пикник во Велестово

01/06/2010

Здружението за заштита на културниот идентитет на Египќаните “ НЕФРЕТИТИ “ од Охрид и Здружението на Египќани во Република Македонија заедно со  Бербер Шогун  на ден 30.05.2010 во недела го организираа т.н  Египќански пикник. Релацијата  на овој пикник беше од стариот чинар  до – Селото – Велестово  каде учество земаа повеке од 70 млади Египќани од Охрид и другите градови придружувани од куд Нефретити.Пред стартот на т.н марш на Египканите,КУД Нефретити одржа   настап во центарот на градот со машките ора Деволиче и Чешме Барле а девојките со Невестинското оро.  Со овој настан велат од здружението уште еднаш се покажало дека  во Македонија живее голема популација на Египќани




Коментарите се затворени.

%d bloggers like this: