КУД НЕФРЕТИТИ
Културно Уметничко Друштво НЕФРЕТИТИ од Охрид, Р. Македонија е основано во 2009 год.
КУД Нефретити се состои од:
- група за народни ора
- народни пеачи и оркестар
За краток период групите постигнаа голем успех и добија 2 признанија. Во друштвото членуваат повеќе од 20 членови од Охрид , кои редовно вежбаат, под раководство на кореограф кој го откриваат и надоградуваат својот талент и се запознаваат со боите и ритамот на Охридско Египќанскиот Македонски фолклор.
Нашето друштво ја воодушевува публиката со атрактивни ора, и изворна музика.
Репертоарот на ора на друштвото, кои влечат корени од различни етнографски краеви на југозападниот дел на Македонија поточно градовите Охрид Струга Кичево Дебар , е:
1. Бераче – Машко -Женско оро од Охридско, област близу градот Охрид и Струга -
2. Нефестинско – кореографијата е од југозападна Македонија од Охрид и Струшко Дебарскиот крај .
3. Чешме Барле – кореографијата од легендата на Египќанската музика ШЕРИФ
4. Охридски Сплет на игри – кореографијата е на Ахмет Фејзо , од југозападниот дел на Македонија, поточно од околината на градот Охрид .
5. Бабо – Машко оро кое е од Македонија а го играат Египќаните од Охрид .
6. Жени на Чешма Водарки – сплет од игри од областа на околината на градот Охрид
7. Гајде – Машки – Женски Охридско оро .
8. Чалоке – Машко Оро – Југоисточен дел на Абанија – Охридско Струшки крај .
9. Пајдушко – Оро Машки – Женски Охридски
10. Охридска Каба – Машко оро , кореографија на Ахмет Фејзо Охридски дел на Македонија .
11 . Адети на Египќанте – Запознавање на зетот и невестата , барање на невеста , аирлија на младоженците , спремање на невестата , бричење на зетот , земање на невеста .
