Младите Египќани од Охрид, на заеднички пикник во Велестово
01/06/2010
Здружението за заштита на културниот идентитет на Египќаните “ НЕФРЕТИТИ “ од Охрид и Здружението на Египќани во Република Македонија заедно со Бербер Шогун на ден 30.05.2010 во недела го организираа т.н Египќански пикник. Релацијата на овој пикник беше од стариот чинар до – Селото – Велестово каде учество земаа повеке од 70 млади Египќани од Охрид и другите градови придружувани од куд Нефретити.Пред стартот на т.н марш на Египканите,КУД Нефретити одржа настап во центарот на градот со машките ора Деволиче и Чешме Барле а девојките со Невестинското оро. Со овој настан велат од здружението уште еднаш се покажало дека во Македонија живее голема популација на Египќани
