Куд Нефретити – Чувар на Фолкорното наследство на Египќаните
30/01/2010
КУД НЕФРЕТИТ
Придонес кон негувањето на традицијата, културата, и идентитетот на нашиот народ
КУД НЕФРЕТИТИ е формирано 2009 год. и веќе брои околу 20 членови кои до сега имале 5 настапи во нашава земјава. Наставата се одржува во месната зедница во населбата Кошишта одма до авто сервис Номче, Охрид.
За кратко време нашето друштво го има презентирано Египќанскиот фолклор, традиција и култура, посебно Египќанската афтентична народна носија.
КУД Нефретити е организатор на свој фестивали во Охрид. Фестивалот почнува на 25 јуни и насловен е како Летна Египќанска ноќ, кој ќе се одржува на сцената долни сарај. Потоа следува и годишнина на кој се спрема друштвото Нефретити за ова година да ги изненади граѓаните во Охрид, кој ќе одржи годишен концерт со првата постава, а ке се држува во домот за култура Глигор Прличев.
КУД Нефретити има аматерска носиа и тоа од охридско-струшкиот крај на Македонија. Во друштвото има занаетчиска работилница каде се работи рачно носиата, а ги изработува госпоѓа Исмет од Охрид .
КУД Нефретити работи под раководство на уметнички раководител Башким Селман Таркан.
