Денес, со почеток во 18 часот и 30 минути, во Центарот за култура ќе биде одржан добротворен концерт. КУД Нефретити на Египќани заедно со неколку културно- уметнички друштва од градов ке земат учество на добротворниот концерт.
Концертот е во организација на Младинскиот совет од Охрид, а собраните средства од продадените билети, кои ќе чинат 100 денари, се наменети за реализација на дел од програмата за превенција од дрога, алкохол и тутун и заштита на репродуктивното здравје.
Упис на нови членови
02/09/2010
Ги повикуваме сите љубители на фолклорот, кои ја сакаат изворната музика играта и песната. Сите заинтересирани се добро дојдени, независно дали се почетници или имаат претходно искуство.
Уписот се врши одма до авто сервис НОМЧЕ населба кошишта – Охрид.
Распоред за членови на К.У.Д. “Нефретити“.
Секоја Сабота и Недела во 13:00 часот
Здружението за заштита на културниот идентитет на Египќаните “ НЕФРЕТИТИ “ од Охрид и Здружението на Египќани во Република Македонија заедно со Бербер Шогун на ден 30.05.2010 во недела го организираа т.н Египќански пикник. Релацијата на овој пикник беше од стариот чинар до – Селото – Велестово каде учество земаа повеке од 70 млади Египќани од Охрид и другите градови придружувани од куд Нефретити.Пред стартот на т.н марш на Египканите,КУД Нефретити одржа настап во центарот на градот со машките ора Деволиче и Чешме Барле а девојките со Невестинското оро. Со овој настан велат од здружението уште еднаш се покажало дека во Македонија живее голема популација на Египќани
КУД НЕФРЕТИТ
Придонес кон негувањето на традицијата, културата, и идентитетот на нашиот народ
КУД НЕФРЕТИТИ е формирано 2009 год. и веќе брои околу 20 членови кои до сега имале 5 настапи во нашава земјава. Наставата се одржува во месната зедница во населбата Кошишта одма до авто сервис Номче, Охрид.
За кратко време нашето друштво го има презентирано Египќанскиот фолклор, традиција и култура, посебно Египќанската афтентична народна носија.
КУД Нефретити е организатор на свој фестивали во Охрид. Фестивалот почнува на 25 јуни и насловен е како Летна Египќанска ноќ, кој ќе се одржува на сцената долни сарај. Потоа следува и годишнина на кој се спрема друштвото Нефретити за ова година да ги изненади граѓаните во Охрид, кој ќе одржи годишен концерт со првата постава, а ке се држува во домот за култура Глигор Прличев.
КУД Нефретити има аматерска носиа и тоа од охридско-струшкиот крај на Македонија. Во друштвото има занаетчиска работилница каде се работи рачно носиата, а ги изработува госпоѓа Исмет од Охрид .
КУД Нефретити работи под раководство на уметнички раководител Башким Селман Таркан.



